Услови и Правила на користење

1. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

1.1. Опис на услугите

Книжарница Книготека е дигитална апликација што им овозможува на корисниците да купуваат електронски книги објавени од македонски издавачи, да ги читаат online и offline, да ги чуваат во својата библиотека, да ги коментираат, оценуваат и споделуваат на социјалните мрежи.

1.2 Кориснички налог

Книжарница Книготека е достапна за користење само за регистрирани корисници. При регистрација, корисникот задолжително го внесува свето име, презиме и e-mail, а податоците за годината на раѓање, полот и местото на живеење се незадолжителни. Корисниците се одговорни за точноста на внесените податоци при регистрирањето, како и за заштитата на тајноста на нивната лозинка.  Најстрого е забрането користење туѓа e-mail адреса и лозинка без одобрение на сопственикот. Во случај на сомневање за злоупотреба на корисничкиот налог од трети лица, корисникот за должен веднаш да ја информира Книжарница Книготека на e-mail [email protected] Книжарница Книготека го задржува дискреционото право да го укине корисничкиот налог доколку се посомнева во негова злоупотреба или во точноста на податоците.

1.3 Однесување на корисниците

Апликацијата на Книжарница Книготека може да се користи само за легални цели и во согласност со овие услови.

1.4 Меѓународни корисници

Книжарница Книготека ја контролира, управува и администрира својата апликацијата од своите простории на територијата на Република Северна Македонија. Доколку корисникот и пристапува на Книжарница Книготека од локација вон територијата на Република Северна Македонија, самиот е одговорен за почитување на локалните закони на државата од која му пристапува на својот налог.

1.5 Интелектуална сопственост

Книжарница Книготека е сопственик на текстот, графиката, логото и софтверот што се употребуваат во оваа апликација, освен електронските изданија во дигитален формат.
Издавачите се сопственици на електронските изданија во дигитален формат.
Секое неовластено користење на содржината на Книжарница Книготека е забрането и подлежи на кривична одговорност.
Книжарница Книготека е дистрибутер, но не и издавач на публикациите и останатите содржини што ги обезбедуваат издавачите, па оттаму нема никаква одговорност  за нивната содржина. Книжарница Книготека не гарантира за точноста, комплетноста или корисноста на било која содржина , ниту ќе биде сметана за одговорна во случај на било какви загуби или штети што можат да бидат предизвикани од користењето на информациите добиени преку апликацијата.

1.6 Пристапување кон содржините на апликацијата

Главна содржина на Книжарница Книготека се книги во дигитален формат, поделени во повеќе категории. За пристапување кон апликацијата, пребарување на книгите и читање извадоци од понудените наслови,  корисникот мора да биде регистриран.
Регистрацијата му овозможува на корисникот купување книги и чување на истите во својата дигитална библиотека. Со секое следно пристапување кон Книжарница Книготека, регистрираниот корисник ќе биде автоматски префрлен на секцијата „Мои книги“, каде може да ги чита изданијата што веќе се наоѓаат во неговата библиотека. Еднаш купената книга останува во трајна сопственост  на корисникот, се додека самиот не ја избрише од својата библиотека. Корисникот може да пристапи на својот налог од најмногу три IP адреси во рок од 24 часа.

1.7 Промена на услугите

Книжарница Книготека го задржува правото апликацијата да биде повремено недостапна поради дополнување и промена на содржината и услугата, со или без претходна најава.

1.8 Одрекување одговорност

Книжарница Книготека не дава било каква гаранција дека услугите на апликацијата ги исполнуваат барањата на корисниците, дека се секогаш достапни, точни, сигурни и бесплатни, дека содржината добиена од апликацијата е проверена и точна, дека квалитетот на било кој производ, услуга, информација или останат материјал, купен или  користен преку Книжарница Книготека, ќе ги исполни нивните очекувања.
Самиот корисник презема одговорност за воспоставување и одржување квалитетна интернет врска.
Никаков совет или уснена информација што корисникот ги добил преку или од Книжарница Книготека или компанија со која Книжарница Книготека соработува, партнери или носители на лиценци (како и раководители, службеници или агенти на наведените ентитети) не претставуваат никаква гаранција што експлицитно не е наведена во овие услови.

1.9 Обесштетување

Прифаќате обесштетување на Книжарница Книготека, компании со кои таа соработува, нејзини партнери и носители на лиценци, во случај на евентуални тужби, загуби, трошоци и штети, вклучувајќи и трошоци за адвокати, што произлегуваат од вашето користење на апликацијата, а се резултат на активности што се однесуваат на вашиот налог од ваша страна или од било кое друго лице кое и пристапило на апликацијата преку вашиот налог.

1.10 Контрола

Книжарница Книготека има право да отстрани било каква содржина за која смета дека е во спротивност со важечкиот Закон за јавно информирање или не е во склад со обврските на Книжарница Книготека кон издавачите.

1.11 Раскинување

И Книжарница Книготека и вие, како корисник, можете да ја раскинете оваа Спогодба во секое време.
Книжарница Книготека може, по сопствено наоѓање и без одговорност, да го укине вашиот налог или користење на апликацијата доколку констатира дека не постапувате во согласност со овие услови. Според одредбите од овие улови, исклучување на вашиот пристап до апликацијата може да се изврши без претходно информирање, а  Книжарница Книготека може веднаш да го деактивира или избрише вашиот налог и сите поврзани информации и да забрани секаков иден пристап кон апликацијата.
Корисникот може да ја раскине оваа Спогодба со барање за укинување на својот налог испратено на e-mail  адреса [email protected] Од тој момент корисникот нема право да ги чита и користи книгите што претходно ги купил преку оваа апликација.

1.12 Информирање за промени

Книжарница Книготека  може да ги преработи овие услови за да ги одржи во согласност со своите производи и услуги. Во случај на промена во Правилникот корисникот ќе биде благовремено информиран преку e-mail. Во случај да не сакате да ги прифатите променетите услови, можете веднаш да побарате раскинување (член 1.11). Вашето пристапување и користење на апликацијата по таквите промени ќе значи ваше прифаќање на истите.

2. ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Заштита на личните податоци

Политиката на приватност го уредува начинот на кој Книжарница Книготека ги собира, користи, одржува и објавува информациите добиени од корисникот (во понатамошниот текст „Корисник“) преку апликацијата или веб страната www.knigoteka.mk (во понатамошниот текст „Апликација“).
Личните податоци можат да се обработуваат и пренесуваат само во состав на одредена специфична активност и исклучиво за целите за кои се претходно добиени. Личните податоци можат да бидат пренесени на трети страни исклучиво во согласност со законската рамка и/или со изразита согласност на корисникот. Истите се бришат или се прават анонимни веднаш по исполнување на целта за која се добиени.
Политиката на приватност се однесува на Книжарница Книготека и на сите производи и услуги што таа ги нуди, а во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците на лица, односно General Data Protection Regulation (GDPR).

2.1 Лични податоци

Личните податоци се однесуваат на било која информација што се однесува на идентификување или можно препознавање на некое физичко лице. Можното препознавање на физичкото лице подразбира тоа да може да се идентификува, посредно или непосредно, особено со наведување на негова e-mail адреса, телефонски број и слично.
Доколку сте корисник на апликацијата или посетител на страницата, одредени податоци се собираат автоматски. Тоа се однесува на IP адресата, локацијата каде корисникот пристапил, тип на пребарувач, оперативен систем или друга информација за користењето на апликацијата, вклучувајќи ја и историјата на страницата што била посетена од корисникот.
Податоците што неможат да бидат поврзани со одредено лице не се сметаат за лични. Тоа се однесува на статистичките податоци што ги собираме за вкупната посетеност на апликацијата или страницата, а не упатуваат непосредно на корисникот како физичко лице.

2.2 За корисници се сметаат

Членови, односно правни или физички лица кои се регистрирале заради временски неограничено користење на апликацијата (се до престанок на членството), а со цел купување електронски книги на начин пропишан со условите за користење.

2.3 Информации што ги собира Книжарница Книготека

Книжарница Книготека собира податоци за корисниците, вклучувајќи и лични информации, на разни делови на апликацијата, нејзината интернет страница и преку софтверот, и тоа:
– E-mail адреса
– IP адреса за секое поединечно пристапување на сервисите
– Време на креирање на налогот
– Време на промена на податоците
– Време на последното пристапување
– Информација за купените
Книжарница Книготека ги собира личните информации на корисниците само доколку тие доброволни ги достават истите. Корисниците секогаш можат да одбијат доставување на идентификациони информации, а во тој случај можат да бидат ускратени за некои податоци или активности на апликацијата.
Книжарница Книготека не собира свесно информации за лица помлади од осумнаесет години.

2.3.1. Податоци при купување

За купување електронска книга од апликацијата на Книжарница Книготека  на корисниците им стојат на располагање два начина на плаќање:

Плаќање со платежна картичка

Доколку го одбере овој начин на плаќање, корисникот не остава податоци за платежната картичка, а Книжарница Книготека веднаш му ја испорачува купената книга во секцијата „Мои книги“, односно во неговата библиотека. Овој систем е автоматизиран.                                                       Сите плаќања се вршат во официјалната валута на Република Северна Македонија – денар (МКД). За информативно прикажување на цените во други валути се користи среден курс на Народната Банка на Република Северна Македонија. Износот со кој ќе биде задолжена вашата платежна картичка ќе биде изразен во локална валута, преку конверзија во истата по курс што го користат локални агенција за платежни картички. Овој износ нам не ни е познат во моментот на трансакцијата, поради што се можни минимални разлики во однос на оригиналната цена. Ви благодариме на разбирањето.
Во цената е вклучено ДДВ –то и нема никакви други скриени трошоци.
Безбедноста на податоците при купувањето ја гарантира процесорот на платежните картички, УНИ Банка – Скопје. Целосниот процес на наплата се одвива преку страниците на банката, а податоците од платежните картички во ниеден момент не му се достапни на нашиот систем.

Плаќање со ваучер

Корисникот го внесува кодот во полето за ваучери. Доколку ваучерот е исправен, електронската книга автоматски се трансферира во неговата библиотека (во секцијата „Мои книги“). Во случај на неисправност на ваучерот, корисникот ќе биде веднаш известен, а во случај на несакан проблем може веднаш да ја контактира нашата служба за корисничка поддршка на [email protected]

2.3.2 Книжарница Книготека ги користи личните податоци на корисниците за вршење на следните активности:

Ги испорачува книгите и останатите купени производи

Го верификува пристапот кон заштитените содржини и информации од налогот

Одредува дали се исполнети минималните системски барања на користење на апликацијата

Нуди надоградба

Собира збирни статистички податоци за користењето на апликацијата на Книжарница Книготека, вклучувајќи ја интернет комуникацијата и читателските навики

Подобрување на услугите – собраните информации ни овозможуват поефикасна реакција на барањата на корисниците при купување на изданијата

Персонализирање на корисничките искуства – собраните информации овозможуваат да разбереме како нашите корисници ги користат услугите и ресурсите што се наоѓаат на нашата апликација.

Унапредување на апликацијата – ги користиме повратните информации што вие ги наведувате за подобрување на нашите производи и услуги

Организирање промоции, истражувања и други функции на апликацијата – Праќаме информации на оние корисници кои дале согласност да ги примат (Newsletter).

Праќање периодични пораки – Книжарница Книготека им испраќа на новите корисници порака за добредојде, испраќа порака за потврда на купувањето и порака за потврда на промени во налогот.

Книжарница Книготека испраќа e-mail кога го информира корисникот за новите изданија, кога реализира комуникација во врска со купувањето или го информира корисникот за некоја акција или попуст. E-mail комуникацијата се користи и за праќање информации и комуникација со корисниците со цел тие подобро да се запознаат со начинот на функционирање на апликацијата, како и да одговориме на нивните молби, прашања или барања.

Доколку корисникот сака да се одјави од прием на нови е-пораки, потребно е од e-mail адресата од која е пријавен на Книжарница Книготека  да прати порака на адреса [email protected]

2.4 Процедура за безбедност

Книжарница Книготека користи најсовремени сигурносни методи за заштита на податоците. Вашите информации се чуваат во база на податоци, обезбедена со повеќекратна заштита и се достапни само за авторизиран персонал. Податоците никогаш нема да им бидат достапни на трети лица без согласност на корисникот.

2.4.1. Заштита на Книжарница Книготека и корисниците на апликацијата

Книжарница Книготека ќе обезбеди лични информации за корисниците само во случај на добивање законски обврзувачки писмен налог од надлежните органи на Република Северна Македонија. Овој пристап е со цел да се почитуваат националните законски норми.

2.5 Кориснички профил / налог

Корисничкиот профил е налог на корисникот со кој му се овозможува заштитен пристап кон апликацијата со користење лозинка.  На својот кориснички налог можете да ги видите сите податоци за купените и преземени книги, вкупниот потрошен паричен износ, информации за уредите на кои бил пријавен вашиот налог, како и последното пристапување кон апликацијата од секој поединечен уред.
Согласни сте вашите лични податоци да се сметаат за доверливи и да не ги откривате на трети лица. Книжарница Книготека не презема никаква одговорност за злоупотреба на лозинката, освен доколку Книжарница Книготека не е одговорна за таквата злоупотреба. Доколку не можете да му пристапите на вашиот кориснички налог, ве молиме веднаш да се обратите на [email protected]
Во случај на пријавување корисникот останува пријавен се додека самиот не се одјави, или го рестартира својот систем или апликација. Препорачуваме одјавување од апликацијата доколку го делите уредот со некое друго лице.

2.6 Деловни трансфери

Книжарница Книготека може да ги пренесе собраните информации, вклучувајќи ги и личните информации, во случај на продажба на поголем дел или целиот имот на компанијата. Корисникот прифаќа новиот сопственик на Книжарница Книготека да продолжи да ги користи личните податоци на начин што е одреден со нашата политика на приватност.

2.7 Права на корисниците
2.7.1. Право на информација

Корисникот има право во било кое време да ги добие информациите за неговите лични податоци од Книжарница Книготека, што биле обработени согласно член 2. од политиката на приватност.

2.7.2. Право на промена

Корисникот има право да бара промена на неговите лични податоци, доколку тие податоци се неточни.

2.7.3. Право на бришење

Корисникот има право да бара бришење на личните податоци, во согласност со условите за користење.

2.7.4. Право на ограничување на користење на податоците

Корисникот може да бара користење на неговите лични податоци до одредена мерка, на пример, доколку одбие примање на маркетиншки пораки.

2.7.5 Право на пренос на податоците

Корисникот има право да ги побара личните податоци што се однесуваат на него. Книжарница Книготека има обврска да одговори на применото барање во рок од 30 дена. Податоците можеме да ги доставиме директно до корисникот или до друг вршител на обработка, доколку корисникот тоа го побара.
Праќањето на податоците е бесплатно, но во случај доколку Книжарница Книготека  во краток рок добие многу барања и се посомнева  во акција на група корисници со лоша намера да ги успорат активностите на компанијата, Книжарница Книготека  има право на плаќање надокнада што ги покрива вистинските трошоци за барање, сортирање и печатење на податоците, доколку се бара тие да бидат доставени на хартија или во екстерни медиуми.

2.7.6 Право на приговор

Корисникот има право во секое време да вложи приговор на обработката на неговите лични податоци. Во тој случај можете да побарате да престанеме со користење на дел или сите ваши лични податоци (во случај на непостоење законско право за нивно користење) или да го ограничите нивното користење (доколку податоците се неточни). Правото на приговор е посебен облик на правото за бришење

2.7.7. Гаснење на корисничкиот налог од страна на корисникот

Доколку, во било кој момент, корисникот посака да го згасне својот налог и да се престане со обработка на неговите лични податоци, потребно е да прати e-mail на [email protected]                                        Личните податоци ќе бидат избришани од базата на активни корисници доколку се исполнети сите обврски околу плаќањата, доколку Книжарница Книготека верува дека не е потребно чување на тие информации поради некој судски процес или доколку нема законска обврска за чување на истите.
Имајте предвид  дека во таков случај сите книги што се наоѓаат во вашата библиотека ќе бидат автоматски избришани без враќање на парите, а доколку сакате повторно да ја користите апликацијата на Книжарница Книготека ќе мора одново да се регистрирате.

2.7.8. Остварување на наведените права

Доколку сакате да ги остварите наведените права, обаратете ни се на [email protected]

2.8 Маркетинг – огласување и социјални мрежи

Доколку корисникот даде согласност дека сака да добива персонализирани понуди, ќе биде користена неговата e-mail адреса. Книжарница Книготека ги користи постоечките податоци, како што се потврдата за прием и потврдата за читање на newsletter-и, историја на купување, датум и време на посета на апликацијата или на производите што сте ги погледнале. За праќање на newsletter-и и анализа на корисничкото однесување, Книжарница Книготека користи Google Analytics. Освен тоа, се анализираат и податоците за одбрани изданија, број на изданија и моментална локација на корисникот. Користењето на овие податоци е со цел да се подобрат нашите производи и услуги, нивно прилагодување на потребите на корисниците, како и комуникација со корисниците за понудата на Книжарница Книготека.
Со самата регистрација корисникот автоматски прифаќа праќање на маркетиншки пораки, Доколку, во било кој момент, корисникот посака да се одјави од примање е-пораки, потребно е да прати порака за одјавување од својата e-mail  адреса од која е пријавен на Книжарница Книготека.

2.8.1 Newsletter

За праќање newsletter-и Книжарница Книготека користи сопствен сервер. Со помош на стандардни технологии собираме податоци за отворање на е-поштата и за бројот на кликови во рамки на е-билтенот, со цел подобрување на содржината на newsletter-от.

2.8.2. Кориснички сервис преку социјални мрежи

Доколку корисникот ја контактира Книжарница Книготека преку социјални мрежи, неговите податоци се обработуваат и чувааат во системот за управување со корисници, а јавно објавената порака останува изложена на профилот на Книжарница Книготека.
Корисничките податоци и нивните пораки автоматски ќе бидат избришани од профилот на Книжарница Книготека по 3 месеци.

2.9. Анализа на користењето на апликацијата

За подобар увид во потребите на нашите корисници, Книжарница Книготека користи разни софтвери. Ова ни овозможува постојано унапредување на квалитетот на нашите производи.
Сесиите автоматски се бришат после 180 минути неактивност на апликацијата, кога таа ќе се затвори или кога ја користите опцијата за одјавување. Сесијата овозможува идентификација на корисникот за време на користење на апликацијата.

2.9.1. Google Analytics

Нашата апликација користи Google Analytics, услуга за web анализа што ја овозможува Google Inc. Google Analytics користи таканаречени „колачиња“, текстуални датотеки што се чуваат на уредот на корисникот и овозможуваат анализа на користењето на апликацијата. Информациите за користењето на апликацијата што ги генерираат колачињата се праќаат на Google серверите во САД и таму се чуваат. Но, доколку на апликацијата е активирана опцијата за IP анонимизација, Google најпрво ќе ја скрати IP адресата во државите кои се членки на ЕУ или во држави кои имаат склучено Спогодба со ЕУ. Само во исклучителни случаи целосната IP адреса ќе биде пратена на Google серверите во САД, каде ќе биде скратена. Во име на Книжарница Книготека Google ќе ги користи овие информации за анализа на користењето на апликацијата, за изготвување извештаи за активностите и за пружање дополнителни услуги врзани за користење на апликацијата и интернетот. Во ниеден случај Google нема да ја поврзува IP адресата на корисникот со други податоци и активности на Google.    Корисникот во секое време може да го спречи прибирањето податоци што ги генерираат колачињата со инсталирање plug-in од следниот линк: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout
Начелата на приватност и сигурност на услугите на Google Analytics можете да ги пронајдете овде https://support.google.com/analytics/answer/6004245

2.9.1.1. Adwords

Нашата апликација користи “Google Remarketing”,  што им овозможува огласување на други платформи поврзани со однесувањето на нашите корисници. Доколку кликнете на одредена страница или производ на www.knigoteka.mk Google ќе ги сочува вашите интереси за нашите производи и услуги  во апликацијата и може, одвреме навреме, да прикажува огласи “Adwords” што одговараат на вашите интереси. Овие огласи може да се однесуваат на понудатата на Книжарница Книготека, ни и на понуди од трети страни.                                                                                  Доколку корисникот прифати Google да врши поврзување на пребарување на интернетот и апликациите со Google налог и да користи информации прегледани на интернет од Google налогот на корисникот, Google ги поврзува тие информации со податоците од Google Analytics за креирање публика за remarketing  на сите уреди што се користени, а на кои постои кориснички Google налог.

2.9.1.2 You tube

Нашата апликација користи софтверски додатоци (plug-in) од You Tube, што и припаѓаат на компанијата Google Inc. Во случај на посета на страницата со You Tube plug-in, доаѓа до поврзување со серверите на You Tube, а тие ќе препознаат од која страница на апликацијата Книжарница Книготека е извршена посетата. Доколку сте поврзани со You Tube, тоа ви овозможува да го поврзе пребарувањето со личниот профил на корисникот. Оваа опција може да се стопира доколку претходно се одјавите од својот налог. За повеќе информации посетете ја страницата  https://www.youtube.com/t/terms.

2.10 Информации во врска сои измени
Книжарница Книготека  може, одвреме навреме, да ја преработи политиката на приватност за да ја одржи во согласност со своите производи и услуги. Датумот на ажурирање служи да го потсети корисникот за последните измени. Доколку промената на политиката на приватност на Книжарница Книготека  има директно влијание на начинот на кој се делат личните податоци на корисникот, истиот ќе биде информиран со информација на страницата или со праќање на e-mail   порака што му овозможува да ја одбие таа измена. Во овој случај, корисникот е должен да ја информира  Книжарница Книготека  со праќање e-mail порака на [email protected], со што ќе информира дека не ги прифаќа измените во политика на приватност, а тоа доведува до автоматско откажување на корисничкиот налог.

2.11 Измени, датум на стапување на сила

Оваа политика на приватност се применува врз користењето на нашата апликација, страница и услуги од страна на корисниците од  денот на стапување на сила.
Книжарница Книготека може делумно или целосно да ја измени оваа политика на приватност, во било кое време и без директно информирање, со тоа што секогаш ќе објави информација за направените материјални измени на самата апликација. Советуваме, одвреме навреме, да ја погледнете политиката на приватност, со што би биле информирани за постапките на апликацијата. Доколку се противите на било какви измени, веднаш престанете со користење на нашата апликација и затворете го вашиот налог, т.е. контактирајте не без одложување.
Доколку по објавување на измените на политиката на приватност корисникот продолжи да ја користи апликацијата и нашите услуги, ќе сметаме декa собирањето, употребата или делењето на личните податоци се прифатени од негова страна.

2.12 Како да не контактирате

Во случај на било какви прашања или загриженост во врска со политиката на приватност на Книжарница Книготека, како и начинот на кој се користат вашите лични податоци, ве молиме пратете e-mail на [email protected], или користете ја следната адреса:
Книжарница Книготека
ул: „11-ти Октомври“ 33А
1000 СКопје

3. Рекламации

Рекламација може да се поднесе доколку електронската верзија на книгата не се отвора во апликацијата (читачот)
Рекламацијата треба да биде испратена на [email protected] Рекламацијата ќе биде разгледана во рок од три работни дена од поднесувањето, а купецот ќе биде информиран за резултатот од рекламациониот процес.

4. Политика на поврат на средства

Во случај на усвоена рекламација, Книжарница Книготека гарантира поврат на средствата.
Враќањето на средствата се врши преку платежните картички што ги користел корисникот.
Книжарница Книготека ќе направи листа на корисници за поврат на средства и директно ќе ги контактира по e-mail.

Датум на ажурирање

07.05.2019