Упатство за купување е-книги

  1. Креирајте кориснички профил
  • За да ги купите и читате е-книгите од „Книготека“ треба да креирате кориснички профил преку апликацијата или веб-сајтот на „Книготека“. По направената регистрација, најавете се преку апликацијата за да ги читате купените е-книги.

 

  1. Купувајте електронски книги
  • Е-книгите може да ги купувате директно од knigoteka.mk или книготека-апликацијата на вашиот андроид мобилен или таблет-уред. Пред да ја купите е-книгата, може да прочитате нејзин краток извадок.

 

Забелешка:

 

  • „Книготека“ не продава печатени книги. Книгите купени преку „Книготека“ се во електронска форма, познати како е-книги. E-книгите може да ги читате директно преку книготека-апликацијата на вашите мобилни и таблет-уреди.
  • Зa сите iOS (Apple) корисници – Е-книгите не може да се купуваат преку апликацијата за Apple уреди. Потребно е да ги купите директно од knigoteka.mk, а потоа истите ќе бидат додадени во вашата библиотека во апликацијата.

 

  1. Начин на купување.

 

  • Најавете се на knigoteka.mk или книготека-апликацијата (доколку сте корисник на андроид).
  • Пребарајте ја целата книжарница и одберете го насловот што сакате да го купите.
  • Притиснете на корицата за да ги видите сите потребни информации за книгата и додадете ја во кошничка доколку сакате да ја купите.
  • Штом завршите со пребарување, притиснете на кошничката во горното десно поле од книжарницата. Во неа ќе бидат подредени сите книги што сте ги додале во кошничката.
  • За да ги купите одбраните книги, притиснете на копчето за наплата.
  • Одберете го начинот на купување – платежна картичка или ваучер. Во полето за ваучер треба да го внесете кодот што го поседувате. Во полето за платежна картичка треба да ги внесете податоците од вашата сметка.
  • Штом завршите со купувањето, ќе ви пристигне потврдна порака на е-пошта со фактура за купените е-книги.
  • По купувањето, вашите e-книги веднаш ќе бидат додадени во секцијата „Мои книги” од каде што може да ги читате.